Заев: Иницијативата на РЕКОМ за помирување е во основата на идната добра соработка во регионот
Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со Наташа Кандиќ и Жидас Даскаловски, претставници од регионалната иницијатива РЕКОМ, соопшти Владината прес-служба.
Од име на коалицијата на повеќе од 2000 граѓански организации од регионот, гостите побарале од премиерот поддршка за нивната иницијатива да се формира регионална комисија составена од комесари од сите земји на Балканот кои преживеале војни и конфликти во периодот 1991-2001 година, со цел да се утврди точниот број на загинати во конфликтите, по што, според нив, би требало да се отпочне со процесот на помирување на земјите од регионот.
- Премиерот Заев изрази уверување дека Владата ќе ја поддржи оваа идеја, затоа што е во согласност со заложбите за градење пријателства, и добрососедски односи, заложби кои владата ги потврдила со повеќе иницијативи во регионот. Поздравувајќи ги напортите на РЕКОМ и нивната истрајност во спроведувањето на идејата, која трае повеќе од 10 години, премиерот Заев нагласи дека ваквото помирување може да биде само од помош кон остварувањето на поголема соработка на земјите од регионот и отварање на вратите на заедничката иднина, информира прес-службата на Владата.
- За нас е исклучително важно сите да ја поддржат ининцијативата на РЕКОМ. Сите сме свесни дека мора да ги доведеме процесите кон помирување затоа што само така ќе сме подготвени за иднината на нашите народи, истакнал Заев на средбата.
Иницијативата на РЕКОМ на годинашниот Самит на Западниот Балкан во Трст е ставена во декларацијата на Европската Унија, а со тоа стана и дел од Берлинскиот процес.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец