Заев: Имаме успешен попис, членство во НАТО, правецот е јасен
Во овие години успеавме да постигнеме успеси кои цели децении беа само недостижна цел, го поставивме правецот и тој е јасен: Со најдоброто одиме напред, на тој правец сме исправени четири години во кои ја имаме обврската да ја трансформираме државата на подобро и тоа, се случува сега и овде, пред нашите очи, порача вечерва лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во Велес, на промоцијата на кандидатот за градоначалник и советничката листа.
-Вчера беше голем ден во историјата на нашата држава. Првпат по 20 години државата спроведе успешен попис – 1.832.696 граѓани се попишаа, односно над 99 проценти од граѓаните. Ова е голем успех, огромен успех. Веќе не сме единствена држава во светот без спроведен попис. Веќе не одиме низ магла, туку добиваме јасни и прецизни податоци на кои ќе ги темелиме идните политики. Правецот е јасен со најдоброто одиме напред, рече Заев.
На тој правец, додаде, сме исправени четири години во кои ја имаме обврската да ја трансформираме државата на подобро, на подобро за сегашните генерации, на подобро за младите, за децата, за идните поколенија.
-Република Македонија денеска е слободна демократска држава, држава членка на НАТО, држава почитувана во регионот, во Европа и во светот. Во една рака имаме успешен попис, во друга рака имаме НАТО. Денес сме држава со најголема сигурност и најголем степен на транспарентност од сите земји во регионот, денес сме земја пријател на регионот и Европа, рече Заев.
Велес, нагласи тој, мора да продолжи со реализација на капитални проекти, важни за локалниот развој, а тоа, вели,е можно само со СДСМ и коалицијата, само со Ненад Коциќ, само со советничката листа и коалицијата на чело со Марјанчо Николов. На овие избори, како што рече, излегуваат со решенија за проблемите на локално ниво што ќе бидат целосно исполнети и тоа ќе се случи бидејќи, вели, СДСМ и коалицијата докажаа дека работат на решенија, на конкретни решенија коишто се од животно значење за граѓаните.
-Коциќ е човек кој со децении не само што е доктор помага на сите, туку е и еден од најголемите активисти кој секогаш активно се вклучува да му помогне на својот град. Непроценлив е влогот на д-р Коциќ во борбата против велешката Топилница и во низа други еколошки, но и општествено социјални активности за градот Велес со конечна цел да биде вистинска еколошка и напредна општина. Симболот токму за тоа е Ненад Коциќ и никој друг и вие тоа многу добро го знаете, подвлече Заев.
Тој додаде дека, ништо помалку не е ни неговиот придонес како пратеник во Собранието каде секојдневно, вели, се бори против блокадите, деструкциите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ за да го оствариме она што сме го ветиле, за да ги застапува вашите интереси.
-Наградата за сите можни полиња ќе ја добие од вас, од велешани на 17 октомври, а со тоа ќе се наградите и себеси одбирајќи го најдоброто. Тој тоа го заслужува. Го знаете сите вие, го знаат неопределените граѓани, го знаат и вмровците во Велес. Посветеноста на Ненад, неговата одговорност и визија се гаранција дека Велес ќе продолжи да се развива затоа што Ненад Коциќ е гаранција за најдобрите перспективи за Велес. Тој е најдоброто за Велес, порача Заев на митингот во Велес.
Ново на Сител
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат
-
72-годишна жена загина откако била прегазена на раскрсницата на„Партизанска“ и „Рузвелтова“