Македонија
4. January 2021 - 19:31

Заев: Има најава за 200.000 вакцини од Кина во Јануари

Во денешното гостување во Тема на денот на Сител премиерот Зоран Заев кажа дека има најави за 200.000 вакцини од Кина во јануари.

- Имаме најава и за договор со Кина за 200.000 вакцини. Тие најавуваат за јануари ама се уште не знаеме, допрва треба да ги разгледаме условите. Кина има 5 вакцини кои ги поминаа фазите на тестирање и веќе се дистрибуираат надвор од Кина и уште 2 кои што се во фаза на тестирање целосно потврдени од СЗО. За нас е тоа важно и важно е час поскоро да стигнат сите вакцини бидејќи ќе се намали притисокот, кажа Заев.