Бизнис
7. May 2021 - 16:34

Заев им подели бакшиш на земјоделките и поддршка од 3.000 евра

Силна поддршка за земјоделките. 50 рурални жени добија неповратна помош од 3.000 евра за набавка на опрема за развој на нивните земјоделски стопанства, зголемување на производствто и подобрување на конкурентноста. 

Ова е прва помош за земјоделките која е неповратна. Бараат мерката да продолжи, а сумите за поддршка да се зголемат.

Ваквите мерки овозможуваат да расте самодовербата кај жените во руралните средини, стануваат се похрабри и го зголемуваат произвоството.  

Во земјава се поголем број жени стануваат главни носители во земјоделските стопанства. Заради поддршката на државата, бројот на рурални зени за една година се зголемил за над 2000.