Заев и Прека разговараа за унапредување на односите меѓу Македонија и Малта
Во рамки на официјалната посета на Република Малта премиерот Заев денеска оствари средба со претседателката Марија Прека на која се разговараше за зајакнување на економските релации, но и за можноста Република Македонија да овозможи конзуларни услуги во земјата.
Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев на средбата истакнал дека македонското стопанство е подготвено да го зајакне присуството на Малта преку интензивирање на соработката на стопанските комори на двете земји.
Претседателката Прека, пак, изразила поддршка околу идејата за отварање на конзуларно претставништво на Република Македонија во Малта имајќи ги во предвид зголемениот број на македонски граѓани кои работат во Малта.
Премиерот Заев по завршување на тет а тет средбата со претседателката на Малта се потпиша во Книгата на спомени во претседателската палата Сан Антон во Валета.
На средбите, македонскиот премиер бил придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во МНР Виктор Димовски, како и вршител на работите во Амбасадата на Македонија во Рим, Италија, Магдалена Димовска.
Ново на Сител
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица