Заев и Ковачевски на средба со Ахмети во Владата
Премиерот Зоран Заев попладнево во 17:30 часот ќе се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, потврдија за МИА од Владата, посочувајчи дека дека не се предвидени изјави за медиумите по завршување на средбата.
Како што информираа од Владата, премиерот Заев ќе биде придружуван од новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.
Оттаму посочија дека тоа е средба во рамки на серијата состаноци на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски со владините коалициски партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.
Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на должноста од страна на новиот партиски лидер Ковачевски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
