Заев и Ципрас наградени со „Евалд фон Клајст“ за придонес кон светскиот мир
Премиерите на Република Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алкесис Ципрас, синоќа во Минхен ја добија наградата „Евалд фон Клајст“.
Домаќин на церемонијата беше премиерот на федералната држава Баварија, Флоријан Херман.
„Евалд Фон Клајст“ е награда што се доделува за придонес кон светскиот мир и безбедноста.
-Ова е голема чест за граѓаните на Северна Македонија и Грција, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.
Заев и Ципрас беа поздравени со аплауз додека ја примаа наградата за нивниот придонес во меѓународниот мир и мирно решавање на споровите преку Преспанскиот договор.
-Јас и Алексис овде вечерва ќе ви покажаме и ќе разговараме со вас за различен Балкан, за Балкан од 21 век. Имам три клучни зборови за да го опишам успехот на нашето пријателство:
Надеж. Дијалог. Заедноста, рече Заев во обраќањето по повод наградата, изразувајќи им благодарност пред се на граѓаните на неговата државата, но и на посредникот Метју Нимиц, комесарот Хан, канцеларката Меркел, како и на министрите Котзијас и Димитров.
Заев потенцира дека имал и има надеж.
-Кога сите ми кажуваа дека не е можно, имав надеж за решение и подобра иднина. Дијалог. Кога сите зборуваа за црвени линии, Алексис и јас одлучивме да ги отпуштиме црвените линии што само ќе ни копаат во ровови. Се свртевме кон отворена и искрена комуникација без скриени агенди. Решивме да се грижиме едни кон други, да имаме толеранција и да ги разбереме проблемите и предизвиците на другиот. И на крај, заедништво. Глобалниот свет е мал и гласен денес, се е поврзано. Најважните работи можат да бидат многу мали и тивки. Затоа, треба да работиме заедно за да обезбедиме мир, да ја одржиме стабилноста и да обезбедиме просперитет, порача премиерот.
Според него, Европа и Балканот денес стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.
-Нема повеќе леви и десни поделби во Европа. Ова е време за обединување и приклучување на прогресивните сили, кои се лево-десно, либерални и други, со цел да се издигнат над ретроградните сили и национализмот. Ова е време на избор – напред или назад, истакна Заев, нагласувајќи дека наградата ја споделува со неговиот, како што рече, драг пријател, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и со сите други лидери од балканските земји.
-Но, оваа награда ја посветувам на сите млади од Балканот. Ова достигнување е за нив. Тие се причината што ја имаме. Она што го правиме денес е основа за она што вие – млади луѓе – нашите идни генерации, ќе создадеме утре, рече Заев.
Тој и Ципрас претходно учествуваа на панел дискусијата „Разговор со добитниците на наградата „Евалд Фон Клајст“, посветен на иднината на Западен Балкан. Како што информира владината прес-служба, премиерот Заев истакна дека на панелот се зборува за регион кој се менува, кој станува се по европски и кој испраќа позитивни пораки и за другите.
Ново на Сител
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад