Заев и Борисов се поклонија на гробот на Гоце Делчев

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска заедно положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје по што ги разгледаа фреските и иконостасот во црквата.
На поклонувањето на гробот на македонскиот револуционер беа присутни и министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Борисов, кој престојува во еднодневна посета на земјава, потоа замина на средба со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски од каде заедно со премиерот Заев ќе се упатат во Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев.

Со тоа ќе заврши официјалната посета на премиерот Борисов по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот за добросоедство, пријателство и соработка меѓу двете земји што беше потпишан на 1 август 2017 година во Скопје.
Ново на Сител
-

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје
-

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
-

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија
-

Јаневска: Првачињата да стекнат и братче или сестриче покрај знаење, така ќе ги отвориме училиштата што сега ги затвораме
-

Мицкоски за дата-центрите: Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен, ја водиме Македонија во просперитет
-

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје - инвестиција од 92,7 милиони денари
-

МВР со детали за тепачката: 13-годишник избодел тројца, меѓу нив и детето кое се бори за живот
-

По триесет години „Кифи Ди“ прогласен за виновен за убиството на Тупак Шакур
