Заев и Бешовски: Индустриска зона и откупен центар во Градско

Индустриска зона, нови работни места за младите и поддршка од централната за локалната власт, ветија лидерот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Роберт Бешовски на денешниот митинг во Градско.
- Ќе ја промовираме индустриската зона овде во Градско. Конечна цел е да отвориме работни места. Градско е вистинска крстосница во Македонија, трансферзала север-југ, нема подобра локација за индустриска зона. Не само за да ни останат младите. Можеме да ја направиме општината привлечна и за домашни и странски инвеститори, рече Заев.
Пред жителите на Градско тој вети чесни политики и работење и на централно и на локално ниво.
Кандидатот за градоначалник на Градско, Роберт Бешовски, го претстави проектот за индустриска зона на локацијата кај регионалниот пат Градско - Неготино, на која, како што посочи, сега има само шут и ѓубре.
- Да направиме индустриска зона за мали и средни претпријатија, а ќе биде и откупен центар. Станува збор за површина од 56 декари. Руинираниот објект, се планира да биде реновиран во хотел, рече Бешовски и ги повика жителите на Градско да му ја дадат довербата во вториот изборен круг на 29 октомври.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
