Заев - Гутереш: Поддршка за реформите и за политиките на добрососедство

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев ги поздравил реформите што ги прави Владата, вклучително и позитивниот пристап на нашата држава во односите со соседите.
Во нивниот телефонски разговор попладнево позитивно бил оценет Договорот со Бугарија во кој покрај подобрување на билатералните односи помеѓу двете држави се гледа и придонес за односите меѓу соседите во регионот.
- Генералниот секретар Гутереш во име на Обединетите нации ги поддржа разговорите што се водат со Грција под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Тој оцени дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до заемно прифатливо решение. Гутереш најави дека ќе разговара и со грчкиот премиер Ципрас и рече дека ги охрабрува двајцата премиери и владите на двете држави да продолжат да работат во насока на решавање на долгогодишниот спор, информира прес-слжбата на Владата.
Премиерот Заев му се заблагодарил на генералниот секретар на ОН, Гутереш и за ангажманот на медијаторот Нимиц, кој долго работи на изнаоѓање заемно прифатливо решение. Заев оценил дека Договорот со Бугарија ги подобрил билатералните односи и придонел кон зголемување на трговската размена меѓу двете држави но дал и охрабрување да се влезе во надминување на проблемот што го има Република Грција со уставното име на Република Македонија.
- Во телефонскиот разговор со генералниот секретар на ОН Гутереш, премиерот Заев изрази надеж дека ќе се најде заемно прифатливо решение и дека тоа ќе биде добро и за двете држави, но и за целиот регион. „Да престанеме да се занимаваме со минатото и да работиме заедно за подобра заедничка иднина“, додал Заев кој во разговорот се заблагодарил и за континуираната поддршка на Обединетите нации и УНДП во развојот на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
