-->
-->
Заев: Градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднаков пристап за напредок и развој
-->
Преку сеопфатни политики и мулти-институционален пристап градиме инклузивно општество во кое лицата со попреченост имаат еднаков пристап за напредок и развој, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
-Оваа година го одбележуваме 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост со позитивни промени, како резултат на спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во нивното секојдневие, во здравството, образованието и социјалната заштита. И не само денес, инклузијата на овие лица во општеството е процес на којшто сме посветени секој ден од годината. Тие се дел од нашето секојдневно живеење, наши пријатели и роднини, наведува Заев.
Овие наши сограѓани, стои во статусот, најмногу од сè бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството и затоа врвен приоритет на Владата е инклузијата на лицата со попреченост во сите општествени текови. Тоа е особено важно кога станува збор за животот на овие лица во актуелниот миг на пандемијата со КОВИД-19 и за нивната транзиција без стрес во пост-ковид периодот.
Со цел унапредување и создавање квалитетно општество, во кое различностите се почитуваат и вреднуваат, се додава, Владата посветено работи на унапредување и олеснување на условите за живот на лицата со попреченост, без разлика на возраста на лицата.
-Ја намаливме границата за лична асистенција. Сега право на личен асистент имаат лицата со попреченост од 6 до 64 годишна возраст. На тој начин овозможуваме лицата со попреченост да ги извршуваат секојдневните активности и да бидат активно вклучени во секојдневието.Ја изработивме апликацијата Аудио-читач, која на слепите и на лицата со оштетен вид им овозможува пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија на свој мајчин јазик. Отворени се 15 нови инклузивни детски градинки, кои им овозможуваат на децата со попреченост да се вклучат во предучилишното образование. За оние кои се грижат за своите најблиски, а кои се лица со попреченост државата ја надополнува втората половина од платата доколку работат со скратено работно време, а за оние над 64 години возраст обезбедуваме еден вид на пензија, со цел да имаат економска сигурност, посочува премиерот на владините мерки.
Во афирмирањето на автентичниот концепт „Едно општество за сите“, Владата и понатаму останува посветена да предничи и да ги промовира и штити правата на лицата со попреченост во областите како што се: еднаквост и недискриминација, слобода на движење, самостојно живеење, образование, пристап до стоки и услуги, вработување, правна поддршка и пристап до правда, здравство, и правото на политичко учество во сите процеси од стратешка важност за нашата држава, нагласува Заев во фб статусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник