Заев: Градбата и развојот на Скопје да биде во дослух со граѓаните

Градбата и развојот на Скопје мора да продолжи неизнасилено и умерено во дослух со граѓаните, порачува премиерот Зоран Заев.
– Масакар сме направиле заради тоа што градиме. Ние ќе го слушаме гласот на граѓаните. Мојата порака е градбата, развојот на Скопје мора да продолжи неизнасилено, умерено во дослух со граѓаните преку јавните анкети, преку стручните расправи, со богато зеленило внатре за да може главниот град модерно и убаво да се развива онака како што скопјани тоа го посакуваат. Денеска кога ова го прашувате го давам одговорот на Денот на ослободувањето на Скопје. Слободата не би била комплетна ако не ни биде примамливо Скопје за живеење, за сите нас коишто доаѓаме времено во Скопје, но пред се на граѓаните на Скопје, изјави Заев одговорајќи на новинарски прашања.
Тој порача дека треба сите будно да следат, како градоначалниците кои имаат надлежност, пред се на советите што ги носат урбанистичките планови, но и јавноста, соседите на локациите, и сите заедно, како што рече, да го чуваме Скопје, да ја чуваме околината во која живееме заради тоа што тоа е наша обврска.
Ново на Сител
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
-

Насилничките од Ѓорче Петров кои тераа 13-годишно девојче да јаде кучешки измет упатени во поправен дом
-

Јован од Струмица освои прво место на меѓународен шаховски турнир во Србија, победи двајца интермајстори и двајца фидемајстори
