Бизнис
2. September 2020 - 19:40

Заев ги повика газдите да не отпуштаат работници

Газдите да не ги отпуштаат работниците, државна помош и натаму ќе има. Премиерот Заев вели дека бројот на лица кои останале без работа неприродно е зголемен откако работодавачите останаа без владината помош од 14.500 за зачувување на работните места. Државата по овој основ исплати 90 милиони евра за три месеци односно од април до јуни. 

Компаниите бараат поддршката да биде испорачана што поскоро. Освен тоа бараат и намалување на парафискаланите давачки кои често се поголеми од даноците. Приоритет за бизнисот е и борбата со корупцијата и сивата економија. 

Во следниот пакет мерки, поддршка како што најавуваат од владата ќе има за компаниите, но и за нови категории граѓани. Овој пат платежни картички ќе добијат и пенизонерите со примања под 15.000, и стечајците, невработените... Новите мерки ќе бидат многу попрецизни од претходните затоа што Владата сега има точна слика кои сектори и лица се најпогодени од кризата која ќе продолжи и во наредните шест до осум месеци.