Заев ги чека одговорите од потенцијалните коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека кон почетокот на мај доставил предлози до потенцијалните нови коалициски партнери и оти го очекува одговорот од нив.
- Синоќа се слушнав со лидерот на една од овие парламентарни партии, а денеска имам намера да зборувам телефонски со другите за да видам како се одвиваат работите и дали нешто може да се допрецизира. Сакам да се зголеми парламентарното мнозинство и да добиеме нов квалитет во Владата и преземање на нова одговорност која ќе помогне во вака значајни моменти, рече Заев, одговарајќи на прашања на заедничката прес-конференција со германскиот државен секретар за европски прашања во МНР, Михаил Рот.
Прашан за тоа што не е усвоен записник од седницата на која што Талат Џафери е избран за претседател на Собранието, премиерот Заев рече дека тој е избран со мнозинство гласови.
- Видливо беше како се направи изборот во услови кога по 32 дена блокирано Собрание, со должно внимание и водење грижа за сите аспекти, се спроведе процедурата и се гласаше со мнозинство за избор на претседател на Собранието. Доказите се гледаат и достапни се до јавноста. Верувам дека тој записник може да се преточи на хартија затоа што тоа е визуелно евидентно и верувам дека Собранието ќе ги формализира своите постапки, нагласи Заев.
Ново на Сител
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Граѓаните се подготвуваат за најлудата ноќ, програма ќе има и на Плоштад Македонија
-

АХВ казни 60 оператори кои продавале расипана храна и месо
-

Кои коруптивни скандали ја одбележаа 2025 година?
-

Антикорупциска одлучи: Идната година ќе го проверува имотот на 60 високи функционери
-

Нов Закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Власта и опозицијата продолжуваат со меѓусебни обвинувања за лицемерие, луксуз и криминал
