Заев: Фаворити сме на овие избори
„Ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски знае само за деструкции, за блокади, за одбрана на криминалци и секако лажни вести. Ги слушаме деновиве што зборуваат, биле против Брисел и Вашингтон, против нашиот стратешки партнер и пријател, САД. Да бидеш против НАТО и ЕУ значи дека си против стратешкиот интерес на својата земја и против својот народ“ кажа премиерот Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Скопје.
„Затоа сме фаворити на овие избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ. Мицкоски не може да ја рефомира сопствената партија, а не пак да донесе реформи и напредок во општините или државата“ кажа премиерот Заев.
Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште се забележува истата режимска матрица на Груевски.
„Гледаат граѓаните и знаат се. Разликата помеѓу нас кои сме за напред и за нив кои се за назад е огрмна. Покажавме дека за нас зборот важи и ќе го покажуваме тоа и во иднина. И на централно и на локално ниво. Тоа е нашиот пристап, така ние знаеме и можеме. Секогаш со граѓаните и за граѓаните, отворено транспарентно“ истакна Заев.
Тој додаде дека се што граѓаните ќе побараат ќе биде нотирано, анализирано и проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма на СДСМ, која понатаму ќе стане Програма за работа на општината.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Скијачки центар Михајлово се отвора вo среда, најавен и превоз од Кавадарци
-
ОН одобри нова мировна мисија во Сомалија
-
Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
-
Русија соопшти дека ноќеска уништила десетици беспилотни летала кои Украина ги користела за напад на нејзина територија
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на видео-конференциска врска со македонските мировници
-
Мексико: Се судрија автобус и камион, осум загинати, 27 повредени
-
Ново обвинение за струшкиот градоначалник, одземен му е пасошот и друга исправа за преминување граница