Заев е оптимист, опозицијата останува со истите ставови
Премиерите Заев и Ципрас остануваат посветени на реализација на Договорот од Преспа и покрај оставката на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, како и неизвезното 2/3 мнозинство во македонскиот. Како што информираат македонската и грчката страна двајцата колеги синоќа имале и телефонски разговор за да ја потврдат својата посветеност, на како што велат, перспективите на новиот Балкан на 21 век.
- Балкан во кој ќе се гради пријателство, во кој ќе се унапредува соработката, каде што ќе придонесуваме за подобар економски раст и раст на нашите земји, на посреќни граѓани и секако на зголемена трговија, нови инвестиции и подобар економски стандард на граѓаните и на Македонија и на Грција...Јас сум среќен заради целосната посветеност на Република Грција кон овој договор. Можам да ја потврдам и нашата целосна посветеност. “, рече Заеев.
Заев добил уверување од Ципрас дека ќе ја преземе функцијата министер за надворешни работи како гаранција за реализација на договореното. Премиерот вели дека е оптимист дека ќе го обезбеди и мнозинството во Собранието.
.- Јас сум подготвен и понатаму да разговарам за иницијативите од самите пратеници во функција на тоа што е произлезено како дополнителна грижа од преговарачкиот процес, од прогласувањето на договорот, од кампањата за референдумот, а тоа е да најдеме начин да го зацврстиме иднтитетот, да го потврдиме јазикот, да го гарантираме тоа што го правиме дека ќе биде исполнето од грчка страна, да ја гарантираме европската иднина на Македонија и се со една цел заедно ова да го направиме, оти си личи заедно. Треба да се направи заедно, по пат на конзензус. Но, еве мое очекување е и во тоа верувам дека до утре ќе соберат сили. Ќе се изнедри енергија, ќе се собере храброст, ќе се сплоти одговорност за да се добие минимум двотретинско мнозинство и да се даде пас на отпочнување на постапката за уставни промени“, изјави Заев
Потврда за телефонскиот разговор стигна и од портпаролот на грчаката Влада.
Премиерот контактира многу редовно со господинот Заев. Очигледно е дека премиерот на соседната земја нема да ги коментира внатрешните ситуации и внатрешната сцена во Грција, наспроти тоа, се согласија и го повторија она што им е на сите познато дека и двајцата работат за Балкан на 21. век и двајцата работат за имплементација и стапување во сила на Договорот од Преспа, рече Ѕанакопулос
„Предводени од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Коѕиас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа, напиша Димитров, пак, по повод оставката на Коѕијас.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер з анадворешни работи Антонијо Милошоски на социјалните мрежи пак, коментираше дека Коѕијас бил архитект на Спогодбата и дека неговата оставка значи дека Договорот е мртов.
„Димитров може да се поднесе оставка“, напиша Милошоски на Твитер.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
