Заев: ДУИ се оградија од пукањето и повикаа МВР да преземе мерки

Не мислам дека тоа носи добро на некој, тоа одвраќа гласачи тоа одвраќа поддршки, одвраќа позитивен амбиент и второ е кривично дело, веројатно и злоупотреба на законот за оружје, изјави денеска премиерот Заев за пукањето на митингот на ДУИ.
Премиерот нагласи дека ДУИ веднаш се оградуваат и повикуваат МВР да си постапи по сите вакви случаеви.
- МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите. Јас апелирам до граѓаните кои што направиле снимка и го документирале тоа да помогнат во истрагата. Анонимно, не мора се знаат, но да помогнат затоа што дел од истрагата се води не само со анализа на снимката и фокус на кој тоа го направил туку треба и дополнително да се помогне за да се утврди идентитетот на одредена личност, група или слично, рече Заев.
Ново на Сител
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
