Заев: Доколку се појават екстермистички групи, Шакири може да помогне бидејќи го знае реонот
Џезаир Шакири е еден од граѓаните кои во тоа време се приклучија на опозицијата, изјави денеска премиерот, Зоран Заев, во врска со информациите дека т.н. командант Хоџа, кој учествуваше во конфликтот од 2001 година, е назначен за советник на премиерот за внатрешни безбедност и радикализам.
Во изјава за медиумите, Заев рече дека доколку се појават екстермистички групи, Шакири може да помогне бидејќи добро го знае реонот околу Танушевци. Во врска со изјавата на Шакири дека неговото поставување за советник било договорено со Заев за да го ослободи Танушевци, премиерот вели дека немало потреба од ослободување бидејќи во селото немало вооружени сили.
– Во духот на концептот едно општество за сите јас не ги делам граѓаните. Тој е граѓанин на Република Македонија и како и секој друг може да биде ангажиран како советник или соработник. Како и да се вика, Шакири чесно ќе си го заработува лебот бидејќи издржува многудетно семејство – рече Заев.
Ново на Сител
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа