Македонија
9. јуни 2017 - 16:08

Заев доби поддршка од амбасадорите на ЕУ за реформската агенда

Евроинтегративниот процес на Македонија и можноста за негово забрзување биле главна тема на разговор помеѓу премиерот Заев и амбасадорите од земјите членки на ЕУ. Заев и вицепремиерите Шекеринска и Османи, час и половина во салата во владината зграда ги убедуваа дипломатските претставници дека земјата е на вистинскиот пат. Единствениот од амбасадорите кој застана пред медиумите беше претставникот на официјален Париз. Тимоние вели дека владее оптримизам, но на Македонија ќе и биде потребна сета сила, позитивна волја и талент за да се реализирааат желбите.Од владината прес служба испратија пишано соопштение во кое велат дека амбасадорите ја поздравиле определбата на премиерот Заев кон реформската агенда за отворање на перспективите на земјата.

„Посветени сме на дефинирање краткорочна и среднорочна агенда за ургентните реформски приоритети. За тоа ќе разговарам и со еврокомесарот Хан во Брисел. Евро-атлантските интеграции се стратешка цел на Македонија  и интерес на граѓаните на Македонија е да добие демократски институции“, рекол претседателот на Владата, Заев, пишува во соопштението.

Итни реформи се потребни во судството, медиумите, обезбедување на професионални институции и функционалност на Парламентот, велат од Владата. Заев пред амбасадорите порачал дека е подготвен во интерес на потребите на граѓаните да соработува со опозицијата и со претседателот на државата, со цивилниот сектор и со сите други општествени чинители.