Заев денеска со став за оставката на Филипче
Дали Филипче ќе остане на министерката позиција во здравство или пак, ќе биде прифатена неговата оставка кј тој ја понуди вчера како морален чин поради несреќата во тетовската болница ќе се знае во текот на денот. Премиерот Зоран Заев, за Сител потврди дека денеска ќе го соопшти својот став по однос на понудената оставка од министерот.
„Да. Ќе соопштам мој став денеска“, ни напиша Заев во СМС порака.
Опозициската ВМРО-ДПНЕ смета дека оставката на Филипче била изнудена и дека не е доволна.
„Понудената оставка од Филипче е изнудена поради притисокот од народот. Партиските инструкции за одбрана на Филипче по социјалните мрежи покажуваат дека Заев несериозно ја сфаќа задачата околу тетовската несреќа. Истрагата може да биде објективна само ако и Филипче, и Артан Груби и Заев си дадат оставка за да нема политичко влијание во самата истрага во која згаснаа 15 животи. Заев да не се крие, туку да излезе и даде одговори. Молкот внесува недоверба и покажува дека се заташкуваат и прикриваат докази“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме стигна поддршка за Филипче од од неговата матична СДСМ.
„Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче.
Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и манипулации не можат да го избришат тоа.
Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски“, коментираат од СДСМ.
Филипче вчера попладне, 48 часа по пожарот во третовската модуларна ковид болница во кој изгореа 14 лица, објави дека понудил писмена оставка до премиерот Заев од морални причини.
– Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства, нема зборови што тоа можат да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет. Затоа од морални причина понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев, рече Филипче во обраќањето по повод оставката.
Претходно, оставки поднесоа заменик-министерот за здравство Илир Хасани и двајцата директори на тетовската Болница.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
