Македонија
28. February 2019 - 16:21

Заев-Данчила: Романија ја почна ратификацијата на протоколот за НАТО и дава силна поддршка за ЕУ

Со храбри и внимателни политички чекори ги отворивме вратите на НАТО и забрзано се движиме кон европската унија. Премиерот Заев кој од денеска престојува во официјална посета на Романија на средбата со премиерката Данчила се заблагодари ратификација на Протоколот за пристап во НАТО во Домот на пратениците на романскиот Парламент и за поддршката во процесот на НАТО интеграциите. Премиерот изрази надеж дека во јуни, земјава ќе добие датум за старт на преговорите со Европската унија

Романската премиерка  уште еднаш ја потврдила позицијата на Романија за продолжување на процесот на проширување на Европската Унија. Таа на средбата со Заев изразила очекување во Јуни Брисел да ги потврди заложбите за проширување и да ја охрабри земјава да продолжи со исполнување на реформите.

По средбата со романската премиерка, Заев се сретна и со претседателот на романскиот дом на пратениците и заменик претседателот во Романскиот Сенат.