Заев: Да застанеме заедно со опозицијата - сите да бидеме за напред, едни да бидат локомотива, а другите вагони
Зоран Заев в недела на 21 март ќе ја бара довербата и поддршката од членството на СДСМ, како кандидат за претседател, за нов мандат за лидер на партијата. Првпат во македонскиот плуразлизам, како што нагласи тој во денешното обраќање, на директни непосредни внатрепартиски избори, овој врвен чин на внатрепартиската демократија ќе го направи токму СДСМ.
Како претседател на СДСМ, Заев најави нова програма и нова политика, пролетна офанзива за нов пресврт во политичкото делување на СДСМ и на Македонија, а доколку ја добие довербата најави и, како што рече, досега најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.
– Ова е нова политика на СДСМ за новото време. СДСМ повторно ќе биде прв во промените и повторно ќе биде носител на нова политика со која секој од нас, почнувајќи од мене, ќе даде и повеќе и подобро за граѓаните, за татковината, за иднината на нашите деца. Дали е можно ново после новото – Да, подготвени сме и ние тоа ќе го покажеме, рече Заев.
Прво, појасни, новата политика значи реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ. Некои многу сработуваат и водат напред, истакна, некои можат многу повеќе, но некои потфрлија.
– Единствениот долг што го прифаќам, е долгот кон граѓаните за ефикасна и за доследна испорака на ветеното, и тука е точката на која се темели новиот начин на работа. Тоа не значи откажување од некого, туку одговорност пред граѓаните и секој пред самиот себе. Никој повеќе во СДСМ нема да се кандидара за функција, само за да биде функционер, туку да биде служител на граѓаните. СДСМ постои за граѓаните, ние им служиме на граѓаните, дециден беше Заев.
Најави дека новата политика значи и ангажирање на сите можни капацитети во броба против корупцијата и криминалот. Пораката дека законите важат за сите, посочи, ќе останеше празна флоскула ако не обезбедевме услови, амбиент и механизам за правосудството да почне да работи независно и професионално. Има уште многу работа, истакна Заев, но народот веќе сведочи дека нема веќе недопирливи.
– Времето на неказнивост заврши, на ред е правдата. Истото важи и за сите нас од СДСМ Членската книшка од партијата не значи привилегија, туку уште поголема одговорност. Борбата против криминалот и корупцијата носи подобар економски стандард, подобро здравство, образование, подобри институции, но и побрз пат кон ЕУ. Затоа СДСМ и кадрите на СДСМ ќе бидат првите, кои во секоја од институциите ќе водат напред во спроведувањето на антикорупциоските мерки и во промоцијата на заштитните механизми кои спречуваат злоупотреби. СДСМ е на иста страна со граѓаните и со Владата, СДСМ е на страната против корупцијата, рече Зоран Заев.
Трето, потенцира Заев, нова политика значи охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови. Наведе дека отсекогаш силно верувал во можностите и моќта на демократијата. Максимата – разноликоста на мислењата во СДСМ е богатството на внатрепартиската демекоратија, подвлече, веќе се спровеудва во дело, СДСМ е партија во која владее исклучително ниво на деморкатија.
– Промовираме и почитуваме различни мислења за дополнително да ја зајакнеме деморкатијата кај себе, но и да поттикнеме истото да го направат и другите политички субјекти. Слушам некои зборуваат за претерана деморкатија и за нужноста од цврста рака. Не народе мој, не мои социјалдемократи, демократија никогаш доволно, цврста рака е симбол на режим, а слободата на говорот и почитување мислење е симбол на демократијата. Што сакаме режим или слобода. Нашата татковина еднаш беше но никогаш повеќе нема да биде земја каде вистината се шепоти, а лагите се извикуваат на цел глас. Одиме напред во секој можен поглед и враќање веќе нема, порача Зоран Заев во денешното обраќање.
– Тој истакна дека е и за национален консензус за главните прашања, против поделби, за заедништво. Затоа смета, дека за најважните прашања треба да застанат заедно со опозицијата, да нема разлики повеќе и несогласувања дали сме за напред или, како што рече, за назад, сите да бидеме за напред, едни локомотива, други вагоните, но сите напред. Смета дека на СДСМ му личи и ќе продолжи да биде локомомтива.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање