Заев: Да празнуваме со душа, а да делуваме со ум, добрината да нѐ води кон иднината
Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден испрати честитка до православните верници.
-Како и секоја година, така и годинава, сите верници ќе му се поклониме на Севишниот човекољубец – Исус Христос, славејќи го неговото Воскресение, како празник над празниците. Како и секоја година, така и годинава, ќе се огласат црковните камбани за да ни пратат убава вест што ќе ни измами насмевки на лицата. Нивниот глас надалеку се слуша. Но годинава, како никогаш досега, Велигден го очекуваме затечени со сериозна опасност која надвиснала над светот и нашите глави. Исправени пред ваквиот сериозен предизвик, мораме заеднички да делуваме мудро, за на крајот да излеземе како вистински победници. И Исус Христос би го побарал тоа од нас. Ако тој со смртта, смртта ја победил и сторил триумф на животот, можеме и ние – неговите чеда, во наша и негова чест да се заштитиме од злото што не демне, вели Заев.
Порачува празнувањето годинава поради пандемијата, да биде во домот со семејството.
-Да му се радуваме и да го славиме Велигден, со срца и души, а да делуваме со ум. Фокусот на сите празнувања е во домот и семејството. Нека биде така годинава, од почетокот до крајот на Христовото Воскресение. Така ќе си овозможиме, во некои следни и поубави денови, повторно да ги пречекориме праговите на божјите храмови и здрави, живи, среќни и весели да ги празнуваме сите христијански празници, вклучително и Велигден. Во овие празнични мигови, да и дадеме предност на содржината пред формата, навлегувајќи во суштината на христијанството. Да си ги прочистиме душите и да им дадеме можност на добрината и мудроста да не водат во иднината на нашите животи.Само така ќе успееме, со озарени лица да поздравуваме и отпоздравуваме со ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ. Имајте здрави, среќни и весели семејства со топлина, хармонија и благосостоба во домовите, се наведува во честитката од лидерот на СДСМ Зоран Заев по повод Велигден.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
-

Продолжи судењето Онкологија 1 со сведочење на вештакот од Србија
-

Тешки сведоштва за насилството врз Ивана и Катја
-

Полицајците на обвинителна клупа за „Пулс“, но судењето не почна
-

Крмзов во инвалидска количка на првото рочиште за затајување данок
-

Мицкоски очекува Савески да реотвора предмети, за Филипче обвинителот бил под контрола на власта
-

Детската песна за „Голема Албанија“ поттикна реакции – според АВМУ содржината шири омраза
-

Опозицијата ќе ја известува ЕУ за системска блокада на интеграциите
