Заев-Бернс: Северна Македонија останува стабилен стратешки парнер на САД
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ја прими новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Бернс. Двајцата соговорници, како што соопшти владината прес-служба, се согласија дека Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, фокусиран на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани кон мирот во светот.
Премиерот Заев, стои во соопштението, и посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Бернс во Северна Македонија и изрази благодарност за одличната работа на претходниот американски амбасадор Џес Бејли и заменик шефот на мисијата, Микаела Швајцер Блум.
Премиерот Заев како долгорочен интерес на земјата го издвои натамошното интензивирање на билатералната политичка и економска соработка со САД, како и посветеноста на реформската ЕУ агенда за достигнување конкретни резултати во областа на владеењето на правото, антикорупцијата, реформите во безбедноста и јавната администрација.
На средбата е изразена подготвеност за прифаќање на обврските кои произлегуваат од полноправното членство во НАТО до крајот на 2019 година и почетокот на 2020 година, како што е, се наведува, зголемувањето на БДП од 0,2 отсто годишно на два отсто до 2024 година, модернизација на армиските капацитети и зголемување на учеството во заеднички мисии. Амбасадорката Бернс на средбата рече дека Соединетите Држави со нетрпение очекуваат во наредните месеци да и посакаат добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, и додаде дека ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да продолжи успешно економската и политичката соработка меѓу САД и Република Северна Македонија.с
Ново на Сител
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
-

СП 2026: Хрватскиот селектор смета дека одиграле натпревар со многу емоции
-

Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
-

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев

