Заев: Ако правев предавство, досега требаше ветото од Бугарија да биде тргнато
Премиерот Зоран Заев вели дека не прифаќа ТВ дуел со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за разговорите со Бугарија, потенцирајќи дека не избегнува дуели, туку дека ќе прифати кога навистина ќе има суштина или потреба.
Иако на целиот свет му е јасно дека никој не разговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа го потврдуваат сите, рече Заев, само на Мицкоски му треба декларација за македонскиот народ и македонскиот јазик.
– Имајќи предвид дека ме обвинува мене дека јас сум виновен за ветото од Бугарија, а истовремено ме обвинува дека јас правам предавство на македонскиот јазик и македонскиот народ, не само што е контрадикторно, туку е условено едно од друго. Ако направиш предавство, досега требаше ветото да биде тргнато, или е од другата страна – ако ветото опстојува, така значи дека се штитат националните интереси, рече Заев, повторувајќи дека земјава мора да ги штити своите национални и државни интереси.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш