Македонија
5. јуни 2019 - 19:05

Заев: Ако не добиеме датум, можно е владата да падне

Ако земјава не добие датум можно е да падне владата, рече прмеиерот Заев денеска во Брисел. Ова е скапоцено време за земјава, ако го изгубиме, сигурно нема шанса да го повториме, рече Заев.

Заев вели дека евентуалните избори можат да доведат до тоа поддршка да добијат пронационалчистички групи

Премиерот на форумот во организација на Ебор рече дека европскиот совет треба да ја профати препораката на ЕК. Според него, секоја поинаква одлука ќе ги уназади реформските процеси и ќе го закочи економскиот напредок што го остварува земјата.  Освен  признанијата за него, Ципрас и Борисов по постоигнатите договори, Заев смета дека е време и народот да добие признание.