Македонија
14. December 2020 - 19:48

Заев: 100 дена Влада со и за граѓаните

Премиерот Заев ги оцени како навредливи изјавите на Каракачанов дека Македонија и Бугарија се две држави во кои живее еден народ.

Сепак потенцира дека и покрај ветото за кое не гледа вина, преговорите со официјална Софија продолжуваат во обид да се најде решение кое нема да задира во македонскиот јазик и идентитет. Во првите 100 дена од мандатот Заев вели дека успеале да ги зачуваат и зацврстат позициите, а бугарското вето нема да застане на патот на реформите кои треба да ја европеизираат Македонија.

Заев вели дека е подготвен да свика и лидерска средба до крајот на годината, ако тоа не го стори шефот на државата. Смета дека има многу прашања за кои треба да се разговара со опозицијата.

Во отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот, Заев се фокусираше и на економските мерки кои се носат за помош на граѓаните и фиримите полесно да ги пребродат последиците од ковид пандемијата.

И покрај тоа рецесијата во која западна државата, Заев вели дека буџетот е стабилен и се полни според проекциите. Ако до март следната година пандемијата почне да стивнува, според премиерот достижен ќе биде и проектираниот раст од 4,1%.

Заев вели дека Владата е стабилна, а континунирана поддршка и за проектите и за преговорите со Буагрија добива од својот коалициски партнер ДУИ. Ова беше заклучено и средбата која Заев и Амети ја одржаа викендов.