Заедничка седница на владите на Косово и Албанија во Приштина
Владите на Косово и Албанија денеска ќе одржат заедничка седница, на која се очекува потпишување на нови меѓудржавни договори и разгледување на можностите за унапредување на оние кои веќе се постигнати, јави дописникот на МИА од Приштина.
Оваа, осма по ред заедничка седница на двете влади, овој пат ќе се одржи во косовската престолнина, а пред нејзиниот почеток, закажан за во 11.15 часот во хотелот „Гарден“, ќе има кратка средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и неговиот албански колега, Еди Рама.
Според агендата што ја објави вчера кабинетот на Курти, по завршувањето на седницата, која ќе биде директно пренесувана, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.
Првата заедничка седница се одржа на 11 јануари 2014 година во Призрен и беше водена од тогашните претседатели на двете влади, Хашим Тачи и Еди Рама, кои тој настан го оценија како „историски“. Последната беше одржана во ноември минатата година во албанскиот град Елбасан.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата