Заедничка полициска вежба во СЦ „Борис Трајковски“
Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска беше реализирана заедничка тактичка вежба на специјалните единици на МВР заедно со Специјалната оперативна команда на САД во Европа (УС СОЦЕУР) во рамки на обуката за македонските безбедносни сили.
Ззаедничката тактичка вежба опфати сценарио во реални состојби и ситуации во моменти на безбедносни кризи со закани од минско експлозивни направи за време на спортски настан, заложничка ситуација, како и преземање конкретни мерки и активности согласно процедурите и нормите кои што се спроведуваат во вакви и слични безбедносни појави.
Оваа обука, соопштија од МВР, континуирано ќе продолжи да се споведува согласно програмата за работа и обука на специјалните сили при МВР во соработка со Амбасадата на САД.
Ново на Сител
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот