Заедничка балканска промоција
Преку промоција на Балканот како една понуда- туристички бренд без граници до повеќе туристи.Фокусот како што велат од Балканската асоцијација на хотелиери Баха треба да биде ставен на инфраструктурното поврзување ,авио летовите и меѓусебната соработка.
Хотелиерите на Балканот се соочуваат со истите проблеми во однос на недостигот на кадар се увезува работна сила од Непал ,Индија Пакистан ,но тоа не е решение бидејќи многу често некои од нив си заминуваат и повторно остануваат истите проблеми .
Последниве неколку години балканските тури стануваат се попривлечни особено за туристите од земјите од далечниот Исток.
Балканската асоцијација на хотелиерите – БАХА која постои 20 години велат дека придонесува за олеснување на протокот на туристите меѓу државите од регионот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
