ЗАЧУДУВАЧКО: Првата ерекција може да се случи и пред детето да е родено
Неколку факти за машката ерекција за кои можеби и не сте знаеле…
– Првата ерекција може да се случи и пред детето да е родено. На медицинската сликичка од ултразвук некои мајки и татковци имале можност да ја видат првата ерекција на бебето. Гениталиите почнуваат да се развиваат во 6-та недела од бременоста, па ерекцијата во стомакот на мајката не е ништо неочекувано.
-Постојат 3 вида ерекција: психогена, рефлексна и ноќна ерекција. Првата се случува по визуелно стимулирање или после бујна фантазија, втората се случува исклучиво преку физички контакт, додека третата, ноќната, е чиста природа.
– Колку ерекции доживува еден маж во една ноќ? -Секој здрав маж во текот на ноќта доживува 3 до 5 ерекции. А во текот на денот тој број се зголемува и до 11.
– Мажите може да постигнат ерекција и по смртта. Не е мит, туку вистина. Ако мажот почине во стоечка положба, пенисот може да заврши со ерекција. Затоа што срцето веќе не пумпа крв рамномерно, гравитацијата ја привлекува кон нозете, па дел завршува и во ткивото на пенисот. Морбидно, но вистинито.
– Просечната големина на пенисот во ерекција е… Од 12 до 14 сантиметри, покажале истражувањата на 1661 маж. Меѓутоа, факт е и дека големината зависи од начинот на кој е постигната ерекцијата. Половиот орган е секогаш поголем за време на секс, отколку кога е стимулиран.
– Ерекција предизвикана од мирис – мирисот на бонбони, чоколади и крофни може да предизвика ерекција кај некои мажи. Дури 32% од мажите позитивно реагирале на овие мириси, додека 40% добиле ерекција од мирис на лаванда и пита од јаболка.
– Пенис без коски! За разлика од повеќето цицачи мажјаци, мажите немаат никакви коски во половиот орган. Сите останати имаат, затоа што тие им помагаат да ја контролираат ејакулацијата.
– Ерекција која трае бесконечно… За жал, постои и таква состојба и се нарекува приапизам. И не, не е така забавно како што звучи затоа што долгите ерекции се болни.
– Пенисот има облик на бумеранг. Благодарение на еден научник кој наговорил група жени и мажи да имаат секс во магнетна резонанца, денес со сигурност знаеме дека пенисот има облик на бумеранг.
– Не е сè во големината! Клише реченица, но докажано е дека малите пениси имаат поголема можност за проширување. Поточно, оние кои во „нормална“ состојба делуваат под просекот, во ерекција може да бидат натпросечни.
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност