Забулена тинејџерка тверкуваше на улица, џихадистите сега и се закануваат со смрт
Девојка (17) е фатена како провокативно танцува со пријател и уличен изведувач пред група минувачи во Бирмингем.
Кратката снимка е поставена на социјалните мрежи и добри бројни негативни коментари од муслиманската заедница.
Еден коментар гласеше „Глупава к**ва мора да биде убиена“.
Девојката подоцна јавно се извини за своите постапки преку ЈуТјуб, истакнувајќи дека го почитува верскиот вел што го носи.
Во едно интервју подоцна објасни дека била во шопинг со пријателите кога наише на човек кој свири музика на улица.
Таа потоа е снимена како танцува додека својот задник го мести наназад кон својот пријател.
Видеото предизвика жестока дебата на Фејсбук.
Еден корисник напиша дека сето тоа е одвратно и дека некои луѓе не го разбираат значењето на хиџабот.
Додава дека некој може да облече како монахиња и потоа да танцува во јавност.
Имало и од оние кои застанале во одбра на девојката и истакнуваат дека луѓето не би требало да бидат волку критични.
Тинејџерката потоа објасни дека се двоумела пред да почне да тануцува и додаде дека има проблеми со менталното здравје и дека не расудува како што треба.
Низ солзи рече дека долго се борела со депресијата и дека почнала да ја практикува исламската вера пред два месеци.
-Жал ми е поради непочитувањето на хиџабот. Научив од своите грешки. Алах ќе ми суди, додаде таа.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Сончево со умерена облачност, по котлините магливо и постудено
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници