Македонија
23. March 2020 - 21:06

Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години

Различен полициски  час за различна категорија на гараѓани, ова е новата одлука на Владата со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, а почнува да важи од утре .

Паралелно надлежните воведуваат две нови забрани- една за младите до 18 години и друга за лицата постари од 67 години.

Првата категорија нема да смее да се движи на улица од 21 до 12 часот наредниот ден. Втората група на граѓани,  нема да можа да излезе од дома во период од 11 до 5 часот наутро.

Со ова  автоматски се поместува и траењето на веќе утврдениот полициски час, кој за сите останати граѓани ќе важи наместо до 6, до 5 часот наутро.

Од владата велат дека различниот полициски час за младите и старите е донесен со цел да не се мешаат двете категории на граѓани. Инаку вчерашниот полициски час помина релативно мирно. Полицијата приведе  18 лица, поради агресино однесување. Од вечерва нема да има опомени туку само казни.