Бизнис
11. March 2022 - 16:43

Забранет извоз на зејтин, брашно, пченка, пченица, јачмен

Во следните десет дена се забранува извоз на пченка, пченица, јачмен, масло, брашно. Дел од трговците, за да профитираат наместо дома, големи количини од овие производи пласирале во странство, па за да се заштити домашниот пазар, а  потршувачите да не се соочат со недостаток на производи, државата се одлучила  на ваков чекор.

Иако, Србија донесе слична ваква мерка, сепак ветените 50 илјади тони пченица и 25 илјади тони пченка земјава ќе ги добие од таму.

Веќе се во сила и новите ограничени профитни маржи за основните производи - до 4 проценти е во трговијата на големо и до 3 отсто на мало. Но, дали ваквата мерка ќе донесе пониски цени, министертвото за економија допрва ќе анализира. Сепак, оттаму уверуваат дека малите трговци со одлуката, нема да претрпат загуби. Бектеши објасни дека ограничувањето на маржата е само за неколку производи, а маркетите на располагање имаат и до 400 продукти, големите и многу повеќе.