Забрана за литии во Грција до крајот на август
До крајот на август, во Грција е забрането одржување литии и било какви други верски манифестации со поворки надвор од црквите, согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник.
Одлуката е веќе во сила, важи до 31 август, а за физичките лица што ќе ја прекршат, предвидена е и казна од 150 евра.
Од Светиот синод на Грчката православна црква, во петокот соопштија дека литиите ќе се одржат со голема претпазливост без гужви меѓу верниците и доколку е можно, ќе траат кратко.
Поради зголемиот број позитивни случаи на Ковид-19 во општина Абелона во градот Лариса од рано утрово се воведени дополнителни рестриктивни мерки, идентични на оние на островот Порос.
Односно, за да се спречи дополнително ширење на коронавирусот одлучено е угостителските објекти, кафулињата и слично да работат од седум до 23 часот, на маса да седат најмногу четири лица, да се откажат сите настани како што се забави со жива музика, црковни настани, пазари и слично, се забрануваат јавни и приватни собири на над девет лица, а маската е задолжителна и надвор и во затворените објекти.
Во Грција од ден на ден се зголемува бројот на заразени лица, само во текот на викендот беа регистрирани вкупно 353 нови случаи на Ковид-19, починаа две лица, а се зголеми и бројот на хоспитализирани пациенти приклучени на апарати.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево ќе го одржи редовниот состанок за Ковид-19 со надлежните епидемиолози и министри, состанок што се одржува три пати седмично.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво