Македонија
1. February 2022 - 12:24

Забрана за камиони на Стража, Пресека, Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има за планинските превои Стража и Пресека и за патните правци Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег. Во поголемиот дел од државата врне снег, а во одредени региони и дожд.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.