-->
-->
Забрана за камиони на крак Маврово - Дебар, на Деве Баир се чека половина час
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови и по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од ЈП Македонијапат.
Забрана за тешки товарни возила има на кракот Маврово - Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Деве Баир кон Бугарија каде за излез од Македонија се чека до 30 минути.
АМСМ апелира на исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?