Македонија
15. July 2024 - 21:19

Забрана за движење во националните шуми Водно, Гази Баба, Пелистер, Маврово, Галичица засега без режим

Двете парк шуми во Скопје - Водно и Гази Баба остануваат отворени за движење и релаксација и покрај забраната за движење во шумите од 6 часот наутро до 20 часот навечер поради зачестените пожари. Оваа забрана не се однесува на нив.  Режимот на движењето на овие простори треба да го регулира г. Скопје  под чија надлежност се наоѓаат овие шуми.

Забраната не важи ни за националните паркови, Пелистер, Маврово, Галичица, Шар Планина, кои се под надлежност на посебно јавно претпријатие.
Впрочем, забраната која денеска ја донесе Министерството за земјоделие се однесува само на 40 отсто од шумскиот фонд во државата, шунми кои се во надлежност на ЈП Национални шуми.

Забрана за движење има и во резерватот Јасен. И тој не дел од Националните шуми, но уште во текот на вчерашниот ден, надлежните побарале да се воведе режим на движење.

Кој ќе отиде да прошета во шума која е под режим на движење ќе треба да плати казна од 1.500 до 2.000 евра.

Инаку, во Македонија е прогласена кризна состојба во времетрање од 30 дена поради зголемената појава на пожарите. Ова во пракса овозможува во гаснењето на огнените стихии да се приклучат полициски службеници и припадници на армијата. На помош стигаат и два турски ер трактори и еден хеликоптер кои утрово слетаа на скопскиот аеродром во Скопје.  Хеликоптери ќе испрати и соседна Србија, потврди српскиот вицепремиер  Дачиќ

Премиерот Мицкоски уверува дека воздушна поддршка ќе пристигне и од Словенија и Црна гора. Македонија бара воздухоплови, оти опасните пожари кои дивеат се  непристапни за гасење од копно.