Заборавете ги таблетите, пристигнува фластер за ерекција!
Таблетите за потенција го променија животот на многу парови, посебно на мажите, меѓутоа, тие имаат и маани поради кои научниците константно работат на развој на нов облик на овој лек кој ќе биде поефикасен, побрз и подобар. Се чини дека во Саудиска Арабија ја откриле волшебната формула.
Нивниот фластер премачкан со супстанцијата силденафил цитрат, голем е само еден сантиметар, може да се залети на раката или стомакот и делува веднаш. На овој начин се избегнува варењето на пилулата, која предизвикава многу проблеми со стомакот, мигрена, болка во мускулите и замаглен вид. Исто така, таблетата делува после 20 минути до еден час, а кај еден од тројца мажи не делува воопшто.
Притоа мажот и жената го чувствуваат притисокот од спектакуларниот однос кој можеби нема ни да се случи. Поготово ако мажот има големи очекувања од себе.
Тим експерти од Универзитетот Крал Абдулазиз, во Џеди, Саудиска Арабија, во соработка со научници од Универзитетот Каиро, направиле фластер кој го пренесува лекот на нов начин. Секој фластер содржи тенок слој од лекот премачкан со тенок слој маст која овозможува брза апсорпција преку кожата. Делува на потенцијата веќе за минута, а се избегнуваат несаканите нуспојави.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро