Живот
11. јуни 2016 - 9:58

Заборавен, болeн и сиромашен: Ова е последната фотографија од Никола Тесла пред неговата смрт!

Луѓето знаат како изгледа по фотографијата коja се прикажува во домашните и меѓународниte медиуми. Таму е млад со густа коса и мустаќи, но малкумина знаат како тој изгледал кого зачекорил во осмата деценија.
 
Кога се споменува неговото име сите се тргаат. Да е денес жив, Никола Тесла би бил горд на тоа колку луѓето знаат за него и неговите достигнувања.
 
Меѓутоа овој научник многу се борел за својот живот, особено пред крајот на животот. Тој починал во САД на 87 години, сиромашен и заборавен.
 
Никола Тесла починал во 1943 гоdина од срцев удар, односно срцева тромбоза. И покрај тоа што е толку познат, тој починал во долгови. Тогашниот градоначалник на Њујорк, Лагвардија, рекол: „Никола Тесла почина. Сиромашен. А беше еден од најкорисните луѓе кои некогаш живееле. Тоа што го направи е големо, а како минува времето уште поголемо“.
 
Непосредно пред неговата смрт настанала оваа фотографија.
После неговата смрт се појавиле тврдења и контроверзии кои немале никаква логика. Многумина тврделе дека тој е граѓанин на САД, поради државјанството кое го добил додека бил таму. Мeѓутоа сите знаеме дека Тесла бил Србин и роден е во Смиљан.