За жените прифатлива плата од 12.000 до 20.000 илјади, 0,3 отсто би работеле за над 40.000 денари

Плата од 12.000 до 20.000 е прифатлива за повеќе од половина жени во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика објавени по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, покажуваат дека за најголемиот дел од жените 34,7 проценти прифатлива плата е од 16.000 до 20.000 денари, за 32,3 осто од 12.001 до 16.000 денари, за 21,7 отсто е од 20.000 до 30.000 денари. За плата до 8.000 денари би работеле само еден отсто, за плата од 30.000 до 40.000 денари 1,7 отсто и 0,3 отсто од жените би прифатиле работа за месечна плата која изнесува над 40.000 денари.
Податоците покажуваат дека во руралните средини 22,4 отсто од вработените жени се неплатени семејни работници, за 81 отсто главен извор на средства за живот на невработените и неактивни жени е платата или пензијата на членовите на домаќинствата, а дека 3,6 отсто од жените во урбаните средини се работодавачи.
Според возраста, вработени жени од 15 до 19 години се 1379, од 20 до 24 години 14652, од 25 до 29 години 33806, од 30 до 34 години 44162, од 35 до 39 се 47890, од 40 до 44 години се вработени 45733, од 45 до 49 години 36739, од 50 до 54 години 34189, од 55 до 59 се 26579, од 60 до 64 години 11718 и над 65 години се вработени 3701 жена во земјава.
Жени ученички и студентки во земјава се 50,6 отсто, вработени се 39,5 отсто, невработени 37,5 отсто и пензионерки 51 отсто.
Просечната возраст на која жената во земјава стапува во прв брак е 26,9 години, а првото раѓање просечно го прави на возраст од 27,3 години.
Во 2018 година од вкупо родените деца 47,6 отсто се девојчиња.
Ново на Сител
-

За Филипче власта ретерира од забраната за двојно државјанство
-

Сиљановска Давкова бара конструктивност од Радев, Мицкоски потврди - Бугарија уште 2 пати не блокираше
-

„Како ќе контролира рудник, човек кој не може да реши 10 крави“ – Нови тензии меѓу Филипче и Митовски
-

Пекарите идната недела ќе одлучуваат за цената на лебот
-

Јаневска: Многу брзо ќе слушнеме нова неправилност поголема од онаа на Филозофски факултет
-

УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
-

Еден загинат и тројца повредени градежни работници на градилиште во Кисела Вода
-

Спикерот Гаши домаќин на 20-та конференција на Јадранско-Јонската иницијатива
