Македонија
18. March 2017 - 12:20

ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА со централен настан денеска во Охрид: Во 13 часот сите крај брегот на Охридското езеро

Граѓани на Охрид денеска во 13:00 часот повторно со масовен марш низ улиците на градот ќе ја изразат својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, со цел да ја искажат својата загриженост за иднината на државата и во одбрана на унитарноста на Република Македонија.

Охриѓани јасно и гласно денеска ќе кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.

Централниот настан денеска ќе започне во 13 часот во Охрид, а од граѓанската иницијатива ги покануваат сите граѓани крај сончевото езеро да им се приклучат.