„За заедничка Македонија“ најави интензивирање на протестните маршеви
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска на прес-конференција ги оцени како клучни претстојните денови и најави интензивирање на протестните маршеви, преку кои бараат отфрлање на т.н тиранска платформа и зачувување на унитарноста на државата.
Како што истакнаа, нивните протестни активности ќе продолжат во иста форма и ќе бидат мирни.
Борис Дамовски, кој е еден од организаторите на протестните маршеви, рече дека бројноста и решителноста на граѓаните е оружјето со кое се борат на улиците.
- Основна задача на секој граѓанин на Република Македонија е да присуствува на овие протести. Единствениот функционален дел од оваа држава во моментов се граѓаните кои знаат како беа излажани. Овие денови се клучни со интензивирање на протестите. Ќе продолжат во истата форма, мирни, ненасилни, без кршење, навредување, викање, туку самата бројност и решителност на граѓаните е оружјето со кое се бориме на улиците, рече Дамовски.
Тој апелираше граѓаните да излезат во што поголем број, да зборуваат со што повеќе пријатели, роднини и да ги уверат дека, како што потоенцира, тоа е единствениот начин за Македонија да излезе од оваа институционална криза.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана