Македонија
1. April 2021 - 13:02

За во сабота најавена авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Во раните утрински часови на 3 април (сабота) Град Скопје ќе врши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Фрадот Скопје, соопштија денеска градските власти.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, информираат од Град Скопје.

Воедно, од таму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.