Македонија
15. August 2022 - 21:16

За власта нема ништо спорно – опозицијата обвинува за цензура во учебниците

Препораките што ги усвои мешовитата историска комисија никако не ги допираат идентитетските прашања, тврди копретседателот на Историската комисија, Драги Ѓоргиев. Тој не гледа ништо спорно во заедничкото чествување на одредени историски личности, за што Ѓоргиев смета дека е успех тоа што за нив никаде не се спомнува никаков идентитет.

Според Ѓоргиев овој историски период е полесниот дел. Проблеми очекува кога ќе се отворат прашањата за историјата од 19 и 20 век.

Од СДСМ во усвоените препораки не гледаат ништо спорно и велат дека оваа Влада бара решенија за отворените прашања заштитувајќи ги македонскиот идентитет и историјата.

Но, ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е дијаметрлно спротивен. Според него, македонските учебници се менуваат по диктат од бугарската страна.

Иако не е официјално закажана, следната средба на мешовитата историска комисија би требало да се одржи на средината од септември.