Македонија
29. January 2018 - 8:55

За влакно избегната трагедија во Македонија: Среде ноќ пожар избувна во детска соба

Две семејни куќи целосно изгореле за време на викендот, но за среќа повредени во драмата нема.

Околу 02 часот и 20 минути во селото Дукатино, стумичко, викендов избувнал пожар во куќата на  34-годишниот З.Р. и тоа пожарот настанал поради неисправен оџак поставен помеѓу детската и спалната соба, но за среќа повредени нема.
 
Викендов во 11 часот и 30 минути било пријавено дека на улицата „Пере Тошев“ бр.34 била опожарена куќа при што е зафатен горниот спрат, кујната и дневната соба.
 
За среќа нема повредени.