За викендот преку преминот „Блато“ минале околу 2.600 патници
За време на викендот преку граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, минале околу 2.600 патници, што претставува рекордна бројка во изминатиот период од годинава.
-За време на викеднот преку преминот „Блато“ влез-излез оствариле 2.591 патник со 985 возила. Што се однесува на фрекфенцијата во овој месец, бројката на патници кои од први до 23 август минале преку преминот е 33.304 патници и 15.223 возила, изјави за МИА, Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според статистиката од изминатите години, овој август регистрирана е помала фрекфенција, пред се поради пандемијата со Ковид-19.
Во изминатите години во обични денови границата ја минуваа по над 2.500 патници, додека во викенд и околу четири илјади.
Македонските државјани во Албанија патуваат најчесто за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улцињ.
Поради близината дебрани пак одат во соседните Пешкопеа и Маќелари заради пазарање, како што во најголем дел тоа го прават жителите од албанските погранични населени места, кои најбројни се во саботите кога во Дебар е пазарен ден.
Со изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (Патот на Арбр) се очекува фрекфенцијата на преминот „Блато“ да се зголеми за неколупати, бидејќи оддалеченоста од Дебар до Тирана наместо сегашните 180 ќе биде 72 километри.
Ново на Сител
-

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин
-

Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина
-

Синдикалната потрошувачка кошничка во февруари зголемена за речиси илјада денари во однос на јануари
-

Просечната нето-плата во декември 46.889 денари
-

Кривична за кумановец кој yбил стара и немоќна жена: Постојат сомнежи дека имал и други жртви
-

За викендов ветер и слаб снег, од понеделник повисоки дневни температури
-

Муцунски - Нејнски: Односите меѓу Скопје и Софија треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка
-

ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, во Битолско одрон на пат и излевање на Сива Река
