За успешно и квалитетно производство земјоделците ќе ги користат и современите информатички алатки
Покрај земјоделските машини и алати, од сега за успешно и квалитетно произвдство земјоделците ќе ги користат и современите информатички алатки. Квалитетот на почвата ќе го проверуваат со помош на агрохемискиот калкулатор, а сите потребни информации за употребата на пестициди ќе ги добиваат преку специјално креираната база на пестициди. Се работи за проект на центарот за електронско учење и на земјоделскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев од Штип кој овозможува користење на модерните технологии во земјоделското производство.
,, Базата на пестициди освен култури ги вклучува патогените, односно болести, штетници и плевели кои што ги напаѓаат различните култури и нормално пестициди и активни компоненти, односно материи со помош на кои ќе се заштитат самите култури. Културите се поделени во четири категории.,, вели доц. д-р Емилија Арсов
,, Калкулаторот дава препораки во смисла дали почвата на која што се планира да се одгледува одредена киултура е слабо снабдена, сиромашна, добро снабдена или прекумерно снабдена со трите хранливи елементи.,, вели проф. д-р Фиданка Трајкова
Проектот кој е насловен Развој на отворени образовни ресурси и модули за земјоделство и рурален развој се реализира како дел од Еразмус плус програмата.
,, Цел на проектот е развој на човечки капацитети, развој на отворени едукативни ресурси и публикување на отворени мобилни апликации кои ќе можат сите земјоделци да ги користат.,, вели проф. д-р Зоран Здравев – координатор на проектот
Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува околу 150 000 евра, а се реализира во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, фередерацијата на органски производители на Македонија , аграрниот универзитет од Пловдив - Бугарија и Медитерански агрономски институт од Ханија - Грција.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар