За убиството на момчето на Матка, кривични пријави за седум лица
СВР Скопје поднесе кривична пријава против неколку лица кои учествуваа во тепачката на Матка на 15 април во која беше убиено едно 17-годишно момче.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против 18-годишниот А.Е. поради основано сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, како и против 18-годишниот Џ.С. и еден 16-годишник од село Шишево, 16-годишник од село Сарај, 13-годишник од Скопје, 14-годишник од село Грчец и 13-годишник од село Сарај поради основано сомнение дека дека извршиле кривично дело „учество во тепачка“.
На 15 април околу 15 часот пред браната - Долна Матка настанала вербална расправија меѓу А.Е., Џ.С. и 16-годишникот од село Шишево од една страна и останатите пријавени од друга страна. По кусо време расправијата прераснала во тепачка во која А.Е. со нож му нанел убод во градите на 17-годишникот од село Сарај, кој починал на самото место, додека на неговиот брат со нож му нанел површинска расекотина во градите.
Од страна на судија на претходна постапка, на А.Е. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на другите пријавени им е изречена мерка претпазливост.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми