За Србија изградбата на нафтовод до Унгарија или до Северна Македонија и Албанија засега е само можност

За Србија најодржливо е сурова нафта да добива преку јадранскиот нафтовод ЈАНАФ, изградбата на нафтовод до Унгарија, што е прва опција, или до Албанија преку Северна Македонија, што е втора опција, засега се само можности, изјави српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Михајловиќ изјави дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето, оценувајќи дека увозот на сурова нафта преку Јанаф е најпрофитабилната и најодржлива опција за Србија.
-Имаме околу 20 отсто домашна нафта, а останатите 80 отсто ќе бидат неруска нафта. НИС има договор, нарачата руска нафта да поминува низ ЈАНАФ до 5 декември, а после тој датум ќе продолжи да увезува неруска нафта преку истиот нафтовод. Ова не е ништо ново за нас и бевме свесни за ова сценарио. Она што е важно е дека сигурно ќе имаме доволно количества сурова нафта, рече Михајловиќ, се наведува во соопштението од ресорното министерство.
Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија е можност која Министерството за рударство и енергетика ја вклучила во својот инвестициски план, но дека треба да се направат анализи и да се види дали постои економска оправданост.
-Најодржливо и најекономично за Србија е да добие сурова нафта преку ЈАНАФ, тоа е сепак најдобрата опција за нас, а изградбата на нафтовод до Унгарија, која е прва опција и би чинела меѓу 70 и 180 милиони евра, или до Албанија, преку Северна Македонија, што претставува друга опција, засега се само можности. Но, потребно е да се направи физибилити студија за да се види дали и колку е економски исплатливо да се инвестира во вакви проекти. Се друго се идејни решенија, нема опиплива анализа, не се донесени никакви одлуки, тоа е само потенцијална можност да имаме различни рути за снабдување со нафта, изјави Михајловиќ, се наведува во соопштението.
Претседателот Александар Вучиќ во саботното обраќање до јавноста кажа да Хрватска се покажала како недоверлив партнер за нафтоводот Јанаф, кој е единствениот нафтовод со кој Србија се снабдува со нафта, и ддека Белград донел решение за почеток на изградба на нафтовод кон Унгарија, а во план е изградба и на нафтовод со „пријателите од Отворен Балкан“.
-Нашата идеја е да изградиме нафтовод и до Северна Македонија и пристаништето Драч во Албанија, за да ја премрежиме нашата земја со нафтовод. Ќе започнеме брзи разговари со нашите партнери од Отворен Балкан и регионот, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Андоновски: Новиот закон за сајбер безбедност воспоставува систем на отпорност и во приватниот сектор - обврските се заеднички
-

Најголем дел од жртвите во „Пулс“ се задушиле од јаглероден моноксид, дел починале од згмечување во стампедото
-

Македонското еколошко друштво ќе спроведува европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион
-

Пронајдени човечки стапалки стари 115.000 години
-

Научно истражување: Птиците имаат способност да го видат магнетното поле
-

Правилото на Безос за првиот час: Утринска рутина што носи успех
-

Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес
-

Пожари во Ваксинце и Арбанашко, опожарени околу дваесетина хектари шума
